Се промовира туристичкиот водич со убавините и културните обележја во Гостивар

Се промовира туристичкиот водич со убавините и културните обележја на Гостивар.
На промоцијата на овој туристички водич присуствуваше и претседавачот на Советот на општината и воедно претставник на општината Валбон Лимани.
Овој проект е резултат на платформата за културни односи „Културата и традициите на Гостивар“ во рамките на Програмата RELOAD2, финансирана од Европската Унија и имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Водичот чиј автор е археологот Даниел Ѓоергиевски и здружението „Полог Гостивар“ ги опфаќа културните, историските, традиционалните и модерните убавини и особености на Гостивар, како што се: Саат кулата, Беговата куќа, старите верски објекти, пештерата Ѓоновичка убавица, пешачките патеки, изворот на реката Вардар итн., како и нашите кулинарски карактеристики, но и најважните традиционални културни настани, како што се: „Парк фестивал“, „Рудина фест“, Саемот на книгата и др.