Известување за вршење терестичка адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Гостивар

На ден 07.08.2023 год, Д.П.Т.У. ПРОНТТО дооел во соработка со Општина Гостивар ќе ја реализира првата терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Гостивар за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници.

Дезинсекцијата ќе се изведува навечер после 24:00 часот до раните утрински часови, само под поволни временски услови, ако случајно времето е врнежливо или е со јак ветер дезинсекцијата се одложува за утредента или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови.

По претходно изготвен план за динамиката на активностите, техничка спецификација, ќе бидат поминати локациите наведени во барањето за прибирање на понуди.
За дезинсекцијата ќе се употреби средството AKVA K-OTHRINE 2 EW во концентрација пропишана производителот по упатство за употреба во однос 50 мл /1л.
Општината навремено преку средствата за јавно информирање да ја извести јавноста за времето и начинот на спроведувањето на дезинсекцијата и за мерките за заштита што треба да гипреземат граѓаните, а со посебен акцент Пчеларите треба да се информираат за да ги заштитат нивните пчели.