Информативни сесии за проектни грантови „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи“

На 21 август од 11:00 – 12:30 часот во општина Гостивар тимот на ЦНВП Северна Македонија организира инфо сесии во склоп на повикот за доделување на грантови како дел од проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи“, финансиски поддржан од ПОНТ.

ЦНВП Северна Македонија ги поканува ите заинтересирани потенцијални апликанти да дојдат на сесијата која најмногу им одговара и да се информираат за начинот на аплицирање.

За време на информативните сесии, учесниците ќе имаат прилика да постават прашања врзани со повикот за грантирање и директно да добијат одговор од проектниот тим на ЦНВП.

Минималниот износ за доделување на грант изнесува 5000 евра а максималниот износ е 20 000 евра во денарска против вредност.

Можност за аплицирање имаат локални невладини организации, мали и средни претпријатија, општини, индивидуални регистрирани земјоделци и локални заедници, на територијата на Националниот парк Маврово и Националната Парк Шар Планина (Северна Македонија) конкретно во општините Теарце, Јегуновце, Тетово, Боговиње, Врапчиште, Гостивар и Маврово-Ростуше.

Сите информации за процесот на аплицирање можете да ги најдете ОВДЕ.

Крајниот рок за поднесување апликации е 7 септември 2023 година.