Продолжува акцијата за чистење на дивите депонии во Гостивар

Општина Гостивар ја започна акцијата за отстранување на дивите депонии во регионот на општината, почнувајќи од дивата депонија кај поранешна фабрика „Силика“, дивите депонии кај гробиштата на патот за село Дебреш, како како и депониите кај гробиштата на патот Балиндол – Мало Турчане.

Акцијата за отстранување на овие диви депонии ќе продолжи и во наредните денови.

Се молат граѓаните и правните лица да го фрлаат својот отпад на одредените места и да не создаваат диви депонии, во спротивно ќе следуваат казни.

Јавните простори се местата каде што живееме и споделуваме важни моменти со нашите семејства и пријатели, затоа наша морална и граѓанска должност е да се погрижиме овие простори да бидат чисти.