Се промовираа инвестициите во средното техничко училиште „Гостивар“.

,

Во рамките на Меморандумот за соработка меѓу општина Госивар и средното општинско техничко училиште „Гостивар“, денеска градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари ги промовираше најновите инвестиции во ова училиште.

Станува збор за реновирањето на покривот на училиштето со површина од 3000 метри квадратни, како и бојадисување на внатрешните и надворешните делови со површина од 2000 метри квадратни.

Исто така беше промовиран и новиот училишен паркинг каде за потребите на училиштето ќе можат да се паркираат 150 автомобили, што значително ќе го олесни патниот сообраќај, особено за време на напливот на нашите иселеници.

Во меѓувреме, ова училиште продолжува со целосно реновирање на старата училишна зграда, а во тек е проектот ГИЗ во вредност од 510.000 евра, со кој се предвидува набавка на современа опрема за кабинетите, со што ќе се создаде олеснување за работата на наставниците и подигање на нивото на професионалност кај учениците од ова училиште.