Во општина Гостивар се обележа Светската недела на децата

Во Светската недела на детето, во организација на градските градинки, денеска општина Гостивар ја посетија најмалите деца.

На овој посебен настан децата ги изразија своите желби и барања преку подготвени пораки како што се правото на мир, образование, безбедност, среќа и право на чиста животна средина и недискриминација.

Во оваа прилика градоначалникот на општина Гостивар заедно со неговиот кабинет ги поздравија и ги послушаа барањата на децата и истакна дека општината ќе продолжи да работи за подобра иднина на нашите деца.

Инаку, во текот на 6-те години владеење во општина Гостивар, покрај подобрувањето на условите во општинските градинки, двојно е зголемен и бројот на згрижени деца во јасли.

Инвестициите во предучилишното и училишното образование се инвестиција за иднината на државата.