Во Гостивар се обечежа 100 години од раѓањето на Чеде Филиповски

Во центарот на Гостивар, каде што стои неговиот споменик, општина Гостивар ја одбележа 100-годишнината од Чеде Филиповски кој се бореше за време на Втората светска војна.

Во оваа прилика пред присутните говореше секретарот на општина Гостивар, Зоран Крајовски, кој меѓу другото истакна дека во Гостивар опстојува соживотот и мирот.

“Споменик кој му пркоси на времето и заборавот, најмногу и поради почитта и соживотот специфичен ми се чини само за граѓаните на Гостивар, како една посебна мултиетничка и мултиконфесиска средина која не се чувствува, не се препознава и не опстојува толку силно и
спонтано на друго место”, рече Крајоски.

Инаку, предлогот за организација на оваа културна манифестација беше одобрен од Советот на општината и ставен во годишната програма за култура.