Започна реализацијата на еден од најважните проекти за градот Гостивар

Денеска започна реализацијата на еден од најважните проекти за градот Гостивар, како што е реконструкцијата на улицата „Илинденска“.

Целосно се реконструира улица „Илинденска“, од поранешниот Млин до магистралниот пат Гостивар – Тетово, во должина од 1500 метри.

Една од најфреквентните улици во градот, улицата позната како „Тетовски пат“ ќе се трансформира во улица со современи стандарди.

Во текот на 2024 година се очекува да се изградат повеќе патишта низ територијата на општина Гостивар со посебен фокус на патиштата низ градот.