Општина Гостивар одржа работилница за пристап до информации од јавен карактер за лица со ограничени потреби

Општина Гостивар во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „ИНКЛУЗИВА“ одржа работилница за пристап до информации за лицата со посебни потреби.

Работилницата има за цел да ги обучи вработените во општина Гостивар со цел да се подобри функционалноста на веб-страницата на општината за лица со посебни потреби.

Работилницата доаѓа во рамките на Меморандумот потпишан меѓу општина Гостивар и Здружението „ИНКЛУЗИВА“.

За општина Гостивар луѓето со посебни потреби секогаш ќе бидат приоритет и ќе го имаат потребното внимание и посветеност.