Советот на општина Гостивар го изгласа Предлог-буџетот за 2024 година

 

По изработката на Предлог-буџетот од страна на Секторот за буџет и контрола при општина Гостивар, Советот на општина Гостивар едногласно го изгласа Предлогот на Буџетот.

Заради транспарентност и отчетност, Предлог-буџетот претходно беше изготвен во соработка со граѓаните, невладините организации, месните заедници како и јавните претпријатија на општина Гостивар.

Буџетот за 2024 година ќе биде најголемиот буџет досега или 1.366.173.000 денари, а тука се вклучени инвестициите во образованието, културата, инфраструктурата, со посебен акцент на патиштата, спортот и младите, социјалната заштита, како и инвестициите во други области.