Од утре почнува делењето на 100 купони за бесплатна мамографија од страна на општина Гостивар

Општина Гостивар од утре 23.01.2024 (вторник) започнува со делење на 100 купони за бесплатна мамографија и преглед за сите жени и девојки.

Приоритет имаат жените и девојките кои имаат претходна дијагноза на рак на дојка и имаат потреба од мамографија, како и сите оние на кои им е потребна превентивна контрола.

Земањето на купоните може да се врши секој работен ден од 13:00 часот во просториите на општина Гостивар, додека мамографиите ќе се вршат во ординацијата „Ромедикал“. За повеќе информации, можете да се обратите на овој број 070-781-396.

Општина Гостивар покрај обезбедувањето на 100 бесплатни мамографи, континуирано преку различни кампањи ја подига свеста за ракот на дојка.