11/11/2026
Гостивар прогласен за „Град пријател на младите 2026“ во Полошкиот регион

Општина Гостивар е прогласена за „Град пријател на младите 2026“ (Youth Friendly Town 2026) во Полошкиот регион. Наградата денеска ја прими градоначалникот на Општина Гостивар, г. Валбон Лимани.
Ова признание доаѓа по структурирано истражување на национално ниво, кое анализираше како општините го спроведуваат Законот за младинско учество и младински политики. Наградата му се доделува на Гостивар за неговата посветеност во создавањето можности, простори и механизми кои ги вклучуваат младите во јавниот живот и во носењето одлуки.
Прифаќајќи ја наградата, градоначалникот Лимани изјави:
"Ова е посебна чест што денес ја примам наградата 'Град пријател на младите 2026' за Гостивар. Ова е потврда за нашата посветеност, но и дополнителен мотив да продолжиме со инвестициите во можности, простори и механизми што го зајакнуваат гласот на младите во носењето одлуки и во локалниот развој."
Општина Гостивар им се заблагодарува на организаторите, Коалицијата СЕГА и Младинскиот центар Охрид. Исто така им се заблагодарува на партнерите: Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНДП, УНФПА, РИКО и ОБСЕ. Општината останува посветена на продолжување на политиките што ги ставаат младите во центарот на развојот на градот.
Сподели ја веста:
ВЕСТИ
Најнови вести
Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

10/11/2026
Одлука за избор по интерен оглас бр. 02/2026

10/11/2026
Урбанистички Проект во с. Чегране - Идриз Азири 2
