За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

13/11/2026

Советот на Општина Гостивар едногласно го усвои Вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Советот на Општина Гостивар едногласно го усвои Вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

На денешната седница на Советот на Општина Гостивар, со гласовите на сите присутни советници, беше усвоен Вториот ребаланс на Буџетот на Општина Гостивар за 2026 година.

Со оваа буџетска ревизија, општиот буџет на Општина Гостивар се намалува од 1.985.606.301 денар на 1.818.411.883 денари, односно за 167.194.418 денари.

Наглаssуваме дека ова намалување не е резултат на откажување од општинските проекти, туку доаѓа главно како последица на сè уште нереализираните финансиски средства од централната власт за владините проекти предвидени за Општина Гостивар. За овие проекти, планираните финансиски средства сè уште не се префрлени, што директно влијаеше врз ревизијата на буџетскиот план.

Ребалансот го предвидува ревидирањето на планот за приходи и расходи, вклучувајќи ги капиталните трансфери, субвенциите и инфраструктурните проекти. Промените се направени врз основа на досегашното буџетско реализирање и потребата за усогласување на финансиите со приоритетите и актуелните можности на Општината.

Во рамките на прераспределбата на средствата во основниот буџет, направени се промени во неколку општински програми, меѓу кои општинската администрација, одржувањето на водните текови, културните манифестации, заштитата на животната средина и други области.

Важен дел од ребалансот му е посветен и на прегледот на капиталните проекти. Во оваа насока, ревидирани се средствата предвидени за неколку проекти за патна инфраструктура, канализација и уредување на јавните простори, согласно статусот на договорите и соодветната документација.

Исто така, со Вториот ребаланс е извршено усогласување на средствата за институциите и програмите што се финансираат од дотации, вклучително и основното образование, средното образование и детските градинки.

Едногласното усвојување на овој документ од страна на Советот на општината ја заокружува постапката за ревизија на буџетот за 2026 година и овозможува продолжување на реализацијата на општинските активности и проекти во согласност со ревидираното финансиско планирање.

Сподели ја веста:

Копирај линк

ВЕСТИ

Најнови вести

Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

13/11/2026

Во Развојната програма, Гостивар планира 57 инфраструктурни проекти со вредност над 1 милијарда денари за 2027 година, со приоритет на водоводот

Советот на Општина Гостивар денеска, со единогласни гласови, ја усвои Развојната програма за 2027 година, каде што еден од главните приоритети е подобрувањето на снабдувањето со питејќи вода и развојот на водоводната инфраструктура, како во градот, така и во руралните населени места. Програмата предвидува реализација на вкупно 57 инфраструктурни проекти и инвестиции во области...

13/11/2026

Известување за Нацрт Детален Урбанистички План за четврт „В“, дел од Блок 21 (2024-2029)

С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат граѓаните и правните лица опфа-тени во просторот на Нацрт Детален Урбанистички План за четврт “В“, дел од Блок 21 - Општина Гостивар (2024-2029)

11/11/2026

Гостивар прогласен за „Град пријател на младите 2026“ во Полошкиот регион

Општина Гостивар е прогласена за „Град пријател на младите 2026“ (Youth Friendly Town 2026) во Полошкиот регион. Наградата денеска ја прими градоначалникот на Општина Гостивар, г. Валбон Лимани. Ова признание доаѓа по структурирано истражување на национално ниво, кое анализираше како општините го спроведуваат Законот за младинско учество...

Прикажи ги сите