25/11/2026
Градоначалникот Лимани оствари официјална средба со амбасадорот на Турција, Алпер Акташ

Градоначалникот на Општина Гостивар, г. Валбон Лимани, денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија, Неговата Екселенција г. Алпер Акташ.
На средбата се разговараше за добрите односи и соработката меѓу Република Турција и Општина Гостивар, како и за можностите за натамошно унапредување на оваа соработка во области од заеднички интерес.
Посебно внимание беше посветено на меѓуинституционалната соработка, размената на искуства и можностите за реализација на заеднички проекти во иднина, кои би придонеле за развојот на Гостивар и за зајакнување на пријателските врски меѓу двете земји.
Зборувајќи за средбата, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, ја истакна важноста од продлабочување на соработката со институциите и општините од Република Турција.
„Денеска имав задоволство да го пречекам амбасадорот на Турција, Неговата Екселенција г. Алпер Акташ, во неговата прва официјална посета на Општина Гостивар. Разговаравме за многу теми и области, особено за можната соработка, како на општинско ниво, така и на други нивоа. Зборувавме и за размената на искуства што можеме да ја оствариме со општините од Република Турција. Досега имавме проекти што се реализирани, а сега зборуваме и за новите можности што ни се отвораат за иднината. Се надевам дека оваа средба ќе биде дополнителен мотив пријателството и искреноста, што ги покажуваат и државата Турција и општините од Турција кон нашата општина, уште повеќе да се продлабочат и да бидат повод за нови соработки и проекти во иднина“, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.
Од своја страна, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија, Алпер Акташ, ги оцени добрите односи меѓу двете земји и изрази подготвеност за натамошно продлабочување на соработката со Општина Гостивар.
„Односите меѓу Република Северна Македонија и Турција секој ден се зајакнуваат и така ќе продолжи. Токму тоа е целта на мојата посета – како да ги зајакнеме врските меѓу Турција и Општина Гостивар. Од образованието до занаетите, од она што го нуди општината, економијата и туризмот, значи во многу сфери, ги разгледуваме можностите и што можеме да направиме заедно. За тоа се сретнавме со градоначалникот и му се заблагодарувам за гостопримството“, изјави амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија, Алпер Акташ.
На крајот од средбата, страните разменија подароци како знак на почит и пријателство, а потоа посетија неколку локации во градот. Една од посетите беше и основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар.
Општина Гостивар останува посветена на негување добри односи со институциите и меѓународните партнери, со цел создавање нови можности за развој и напредок на локалната заедница.



Сподели ја веста:
ВЕСТИ
Најнови вести
Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

25/11/2026
Неделен Извештај од Лабораториското Испитување на Водата

24/11/2026
Одобрување на УП со парцелација во Блок 17 – Ваит Бегзати
