Обезбедени 120 илјади евра за изградба на локални патишта во Падалиште и Трново

27.11.2017

Во рамки на програмата за развој на руралната инфраструктура финансирана од Европската Унија и кофинансирана од националниот буџет, Општина Гостивар обезбеди средства во висина од 120.000 евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.

Општина Гостивар доби право да користи ЕУ грант во висина од 90.000 евра за изградба на два локални патишта, едниот во село Падалиште и другиот во село Трново. Вкупната вредност на проектите изнесува 120.000 евра и истиот ќе биде кофинансиран од националниот буџет во износ од 30.000 евра.

Се очекува со изградбата на овие патишта да се подобри сообраќајната комуникација во овие населени места и истите подобро да се поврзат со градот Гостивар. Благодетите од овие проекти директно ќе ги почуствуваат сите жители на општина Гостивар и ќе се овозможат побезбедни услови за сообраќај на пешаци и возила.

Служба за информирање