Гостивар за прв пат организираше Танцов фестивал со натпреварувачки карактер меѓу општинските основни училишта

По повод Светскиот ден на танцот (27 Aприл), кој беше одложен за денеска поради штрајкот во образованието, општина Гостивар за прв пат организираше Танцов фестивал со натпреварувачки карактер меѓу општинските основни училишта.
Ученици од сите општински училишта го покажаа својот талент и одличните изведби под звуците на албански, турски, македонски и странската песни и ора.
Жири комисијата по напорна работа и силна конкуренција меѓу училиштата, ги прогласи победниците на фестивалот:
Прво место ООУ „Фаик Коница“ од Дебреше
второ место ООУ „Перпарими“ од Чегране
и трето место ООУ „Исмаил Ќемали“
Наградата за најдобра кореографија ја доби ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“.
сто така, беа доделени и Благодарници за дадениот придонес.
Општина Гостивар има за цел овој фестивал да остане традиционален.