Честитката на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари за Денот на независноста на САД

На денешен ден пред 246 години, Соединетите Американски Држави ја прогласија својата независност, со што триумфира демократијата и слободата на американскиот народ.

Денеска се сеќаваме на демократските вредности со кои е изградена оваа земја и само со вредностите кои ги претставуваат САД, нашето општество може да напредува.

Заедно со слободата и демократијата, САД остануваат најголемиот наш приател, особено во тешките времиња, и затоа денеска им го честитаме Денот на независноста.

Господ да ја благослови Америка и вредностите што ги претставува нашиот најголем сојузник!