Почеток на новата учебна година во Гостивар, градначалникот Арбен Таравари посети дел од основните училишта

 

Со почетокот на новата учебна година, првачињата во Гостивар денеска се запознаа со своите нови другарчиња.

По тој повод, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, посети дел од основните училишта во Гостивар за да ја честита новата учебна година.

„Како општина Гостивар се потрудивме оваа година да го мотивираме секое семејство и секое дете кое започнува во прво одделение оваа учебна година, општина Гостивар им помага со скромна сума од 1.500 денари од наша страна. затоа јавно ги повикав сите родители да се пријават со потребните документи до општина Гостивар за да можеме потоа што поскоро да ги пуштиме овие пари“, изјави градоначалникот Арбен Таравари по посетата на основното училиште „Исмаил Ќемали“.

Градоначалникот Арбен Таравари ги спомена и инвестициите во основните и средните училишта од страна на општина Гостивар.

„Иако вложивме многу во сите училишта, сепак има простор да се направи уште повеќе и се надевам дека годинава инвестициите што ги планиравме, мислам дека ги завршивме. Фасадата останува во средното медицинско училиште и гимназијата каде што се заменети прозорците за да се затворат работите. Во ОУ „Гоце Делчев“ завршивме со училишната фасада, во ОУ „Исмаил Ќемали“ имавме инвестиции заедно со американско невладино здружение каде што инвестирано во ИТ кабинет, исто така сме кофинансирачи заедно со невладина организациа во ОУ „Башкими“ каде се работи за посебена учулница за деца со посебни потреби каде ќе ги третираат од логопатолог и психолог. Следната година повторно имаме планови за инвестиции. Верувам дека во општина Гостивар, условите се достоинствени за сите деца во основните и средните училишта“, изјави градоначалникот Арбен Таравари по посетата на ОУ „Гоце Делчев“.

Градоначалникот Арбен Таравари ги истакна и тешкотиите кои доаѓаат од Министерството за образование, а тоа е недостигот на книги за најголемиот дел од учениците кои ја започнуваат оваа учебна година.