Општина Гостивар потпиша Меморандум за соработка со „ЕВРОТИНК“

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, со Центарот за европска стратегија „ЕВРОТИНК“, потпишаа Меморандум за соработка за приклучување кон проектот „Со општинските совети за превенција кон подобрена соработка“.

Главната цел на проектот е да се промовираат процесите на соработка помеѓу општините, полицијата и граѓаните за унапредување на партиципативното одлучување во полицијата, зајакнување на функционирањето на локалните превентивни совети (ЛСП). ЛСП претставува тело за заедничко дејствување на страните вклучени во областа на безбедноста, со инфраструктурен, општински и социо-културен карактер.

Согласно потпишаниот Меморандум, општина Гостивар ќе го поддржи „ЕВРОТИНК“ со консултации при креирање прашалници за локални проблеми и потреби на граѓаните, редовно објавување на информации за работата на Локалните совети за превенција на веб-страницата и социјалните мрежи.

Потсетуваме дека потпишаниот проектот што денеска го потпиша градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, е поддржан и од Амбасадата на САД во Северна Македонија.