Општина Гостивар потпиша Договор за соработка со општина Етроплој од Република Бугарија.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари и градоначалникот на општина Етрополој, Димитар Димитров потпишаа Договор за соработка меѓу двете општини.

Со ова, страните се договорија да воспостават односи кои ќе придонесат за размена на искуства и соработка во различни области.

„Двете страни се согласуваат да вложат заеднички напори засновани на солидарност и заеднички интерес, да развиваат пријателски, економски и комерцијални односи. Контактите меѓу двата града и да се реализира соработка и активна размена на искуства во областа на бизнисот, економијата, трговијата, туризмот, уметноста и културата, спортот и другите области кои бараат заедничка поддршка и се во надлежност на властите на двете земји“, се наведува меѓу другото во договорот.

Исто така, преку овој договор ќе поттикнат различни видови на соработка меѓу двата града, која ќе се реализира на иницијатива на компании и претпријатија, институции, организации, спортски тимови итн.