Градоначалникот Арбен Таравари ја пречекa на средба делегацијата на SEKO

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари и претседателот на Советот на Гостивар, Валбон Лимани, денеска на средба го примија заменик-раководителот на Секторот за инфраструктурно финансирање на СЕКО – Саниел Брудерер, придружуван од директорката за РСМ – Станислава Додева, проект менаџерот за Северна Македонија – Мариса Роус и Кармен Тонисен – советник за вода и животна средина во швајцарската амбасада.

Целта на посетата беше да се увидат работите од завршната фаза, бидејќи проектот SEKO е при крај. Тема на разговор беше и регионалната депонија Русино, каде директорот Бесим Догани ги информираше за текот на работите и инвестициите кои се направени во оваа депонија.

Градоначалникот Арбен Таравари се заблагодари на делегацијата на СЕКО за досегашната соработка и финансиската поддршка за Гостивар.

Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и по затворањето на споменатиот проект, од кој бенефитот е многу голем за целиот наш град.