Продолжува работата за обезбедување инфраструктура за секое домаќинство и бизнис

 

Општина Гостивар деновиве во селото Равен поставува водоводна линија во должина од 1.200 метри.

Оваа инвестиција е кофинансирана од општина Гостивар и локалната самоуправа на село Равен.

Обезбедувањето водна инфраструктура за секое домаќинство е еден од приоритетите на општина Гостивар.