Започнаа работите на фасадата на училиштето „Форина“.

,

 

Општина Гостивар во соработка со Канцеларијата за капитални инвестиции при Министерството за образование и наука ги започна работите за новата фасада во ОУ „Форина“.

Проектот опфаќа нова енергетско ефикасна фасада која освен заштеда на електрична енергија, училишната зграда ја прави да изгледа естетски современо.

Инвестициите во образованието се нашата иднина, затоа за општина Гостивар приоритет остануваат инвестициите во основните и средните училишта.