“Вистината за ДУИ“ – Злоупотреби со трошоците за гориво

15.02.2018

Портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири, на прес конференција презентираше факти за злоупотреби со снабдување со гориво на возилата во сопственост на општината и трошоци без покритие на ЈП “Хигиена“ – Чегране.

Во продолжение, ви го претставуваме интегрално:

“Почитувани новинари, на денешната прес-конференција ќе ве информираме за трошоците на Општина Гостивар за гориво за службените возила во периодот 2014-2017 година, како и за трошоците на JП “Хигиена“ – Чегране за периодот 2015-2017 година.

За периодот 2014-2017 година, внатрешната ревизија утврди дека ya возила во сопственост на Општина Гостивар, потрошени се 5.089.907 денари. Можеби тука нема ништо чудно во ова, но само на прв поглед. Ако анализираме кои возила со какво гориво се снабдувале, сигурно ќе се зачудат и самите конструктори.

Возила кои трошат бензин, се снабдувале со дизел, додека оние кои трошат дизел гориво се снабдувале со бензин. Трошоците за несоодветно гориво се во износ од 74.496 денари, што ако земеме како просек 50 денари по литар, значи дека општинските возила потрошиле 1500 литри, несоодветно гориво: наместо дизел, бензин и наместо дизел бензин. Ова, се разбира, е измама и можеме да претпоставиме дека со пари на граѓаните се снабдувале партиски послушници и партиски војници. Но, од друга страна, со право можеме да претпоставиме и дека износот на соодветно гориво со кое се снабдувале приватни возила, најверојатно е неколку пати поголем од горенаведениот износ.

– Eвиденцијата за снабдување со гориво, подготвена од внатрешната ревизија на општината покажува дека во ист ден општинските службени возила се полнеле по 3 пати.

Во продолжение ќе ве информираме за злоупотребите извршени во Јавното претпријатие “Хигиена” од село Черане, чиј основач е Општина Гостивар и што врши комунални услуги на територијата на селото Чегране.

Во ова претпријатие, внатрешната ревизија, за периодот 2015-2017 год. утврди неосновани трошоци.

1. На ден 02.11.2017 год., направен е сомнителен трошок за материјали за одржување на водоводната мрежа во висина од 720.000 денари (околу 11.800 евра) до снабдувачот Меркатор АНГ-Гостивар. Во документацијата на претпријатието фигурира само про-фактура бр. 096/2017, но од оваа компанија тврдат дека ЈП Хигиена не ја прифатило понудата, ниту пак извршило уплата на средствата.

Ви доставуваме на увид Извештај од внатрешната ревизија, про-фактурата и изјавата од Меркатор АНГ, како и извадок од Дневникот на благајна на ЈП “Хигиена” (заради блокираната сметка, плаќањата се вршле во готово)

2. Покрај тоа, направени се и други неоправдани, неосновани или неаргументирани трошоци, како што се:

– Одговорното лице во текот на 2017 година си зел 40.000 денари за прекувремена работа за месец јануари, февруари, март, април, мај, јули, август и септември (најверојатно во наредните месеци се потрошиле средства и немал што повеќе да земе), и

– На 27.01.2017 год. со пари од претпријатието патувал во Германија. Бидејќи причините за ова патување не се наведени, можеме да претпоставиме дека патувањето било направено за приватни потреби.

Исто така, и за ова што го истакнавме, ви доставуваме извод од Дневникот на благајна и Известувањето од туристичката агенција.

Ќе го повторам тоа што го вели градоначалникот Арбен Таравари, дека целта на кампањата “Вистината за ДУИ” е да им се овозможи на граѓаните да знаат како се трошат нивните пари и да се запознаат надлежните органи дека во многу случаи има основано сомнение за покренување на кривична постапка. Ниту една раководна структура не е вечна. После нас, ќе дојдат други и нека ги обелоденат сите случаи за кои ќе има сомнение за злоупотреба.

Ви благодарам“

Служба за информирање