Санирани штетите предизвикани од обилните дождови
14.02.2018
Како последица на обилните дождови кои го зафатија подрачјето на општина Гостивар, беа предизвикани одредени материјални штети, вклучувајќи и откорнување на неколку дрвја.
Екипи на ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило” излегоа на терен и интервенираа за отстранување на последиците, како што беше случајот со дрвото што се урна преку објектот во автобуската станица во Гостивар.
Служба за информирање