Се интервенираше во ОУ “Исмаил Ќемали” во Гостивар

,

Се интервенираше во ОУ “Исмаил Ќемали” во Гостивар

11.02.2018

Со цел да се создадат најдобри услови во основните и средните училишта во Гостивар, саботниот ден се користеше за одредени интервенции во училишните згради.

Во ОУ “Исмаил Ќемали” во Гостивар сe интервенираше на влезот на училишната зграда, односно на подот се постави ламинат.

Средствата беа обезбедени од издавање на користење на термини спортската сала.

Служба за информирање