Таравари им додели признанија на младите математичари и на нивните професори

,

03.06.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ги прими во неговиот кабинет учениците од гостиварската гимназија, добитници на медали на “Натпревари без граници” по предметот математика и нивните професори.

“Чест ми е денес да ги пречекам гимназијалците и нивните професори, кои освоија седум златни медали, еден сребрен и еден бронзен медал на еден престижен регионален натпревар по математика. Ние како општинска администрација и гостиварска гимназија, се чувствуваме многу горди. Надарените ученици ја уживаат поддршката од страна на Општина Гостивар, затоа што веруваме дека најдобри амбасадори на еден народ и една земја се успешните ученици. Со постигнатите резултати на нашите ученици, ние потврдуваме во регионов и пошироко, дека со напорна работа и решителност може да се постигнат врвни резултати и од редовите на овие ученици утре да излезат вистински научници”, изјави градоначалникот Таравари.

Во името на учениците и професорите, за гостопримството и доделувањето на признанија, на градоначалникот му се заблагодари директорот на СОУ “Гостивар, Дритан Имери, кој воедно го информираше дека на регионалните натпревари во Бугарија, насловени Натпревари без граници, учествуваа 16 илјади ученици.

“Се надевам дека учениците и професорите од нашето училиште ќе продолжат и понатаму со работа, најверојатно со уште поголем елан после овие успеси и во иднина на напиот град ќе му носат уште попрестижни наагради”, подвлече директорот Дритан Имери .

Вреди да се нагласи дека златен медал на Натпревари без граници, освоија Зехра Ебиби, Фјола Фетаји, Хана Хасаницај, Ангела Трифуноска, Симона Јанакиеска, Кристина Јованоска и Мустафа Ести, сребрен медал освои Есра Матјан, додека Егзона Јонузи освои бронзен медал.

Ментори на учениците им беа професорите Мухамед Муслиу, Зејнел Ефендилер, Миле Апоостолоски, Ирена Нопфитоска. Ајбеан Селими и Музафер Зулбеари.

Служба за информирање