ОУ “Исмаил Ќемали” и ОУ “Ѓон Бузуку” ги реновираат училишните простории

,

06.03.2018
Потврда дека со мали инвестиции и посветено работење, но и со помош од донатори може да се направи многу важна работа, се двете општински основни училишта “Исмаил Ќемали“ – Гостивар и “Ѓон Бузуку”- Србиново.
Во ОУ “Исмаил Ќемали” со само- финансирање од давање на термини во спортската сала, заменет е стариот со нов инвентар салата и кујната на наставниците, како и се уреди чекалната за родители чии деца посетуваат настава во ова училиште.
Покрај тоа, еден донатор кој избегнува публицитет, ги реновира училниците од ова училиште. Веќе завршила замената на клупи, столчиња и завеси, а бојадисани се и ѕидовите од училницата, додека во иднина ќе се работи на реновирање и на другите училници.
Во ОУ “Ѓон Бузуку” од село Србиново, со симболични средства, самите ученици и наставници ги разубавија ходниците, давајќи им атрактивен изглед на училишните простории, налик на развиените училишта во урбаните средини.
Општина Гостивар, ги поздравува ваквите иницијативи и ги поттикнува и другите училишта да преземат слични активности, со што е дини учениците ќе го сакаат повеќе училиштето во кое што учат, ќе го чувствуваа како свое, и како резултат на  тоа уште повеќе ќе му се посветат на наставата.

Служба за информирање