ИЗВЕСТИЕ

07.03.2018

Се известуваат граѓаните на Гостивар дека Општина Гостивар има формирано Комисија за утврдување на штетите предизвикани од поплавите, во согласност со постојните законски одредби.

Во согласност и со заклучоците од шестата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во систем за управување со кризи на централно ниво, што се одржа на 05.03.2018 година, Општина Гостивар:

Ги повикува сите граѓани на општина Гостивар кои претрпеле штети од последните поплави, истите да ги пријават во Центарот за општински услуги при Општина Гостивар.

Комисијата за утврдување на настаната штета ќе врши увид на самото место и согласно законските одредби ќе се утврди висината на обештетувањето.

Служба за информирање