Општина Гостивар ќе се збратимува со турската општина Килис

12.03.2018

Делегација од Општина Килис – Турција, престојуваше вчера во Гостивар, при што се сретнаа со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

При посетата, градоначалникот Таравари и овластениот од страна на градоначалникот Хасан Кара, директорот за културата во општина Килис, Махмут Селџук,  потпишаа договор насловен  Повелба за добри намери, што подразбира меѓусебна помош меѓу двете општини и одржување во живот на меѓусебната соработка во иднина.

Потпишувањето на овој договор отвора пат за збратимување на двете пријателски општини, што ќе се формализира на една од наредните седници на Советот на Општина Гостивар.

Општина Гостивар и Општина Килис ќе соработуваат во економска, образовна, културна, спортска и во други областиод општествениот живот.

Општина Килис се наоѓа во централно-јужниот дел на Турција и има околу 100 илјади жители.

Служба за информирање