Граѓаните за Општината: Работиме заедно за транспаретност и одговорност

Во рамките на проектот „Граѓаните за Општината – Работиме заедно за транспарентност и одговорност“, НЕКСУС – Граѓански Концепт во соработка со Општината Гостивар ќе спроведува заеднички активности од истоимениот проект.

Се работи за веб Платформа која има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во утврдувањето и решавањето на секојдневните локални проблеми. Овој проект ќе поттикне поголема интеракција помеѓу единиците на локалната самоуправа и граѓаните, ќе создаде атмосфера на поголемо граѓанско учество, преку која граѓаните ќе можат директно да ги искажат нивните жалби и поплаки, а со тоа да вршат и следење на работата на локалната власт.

Линк