Во Гостивар ќе се отвори Центар за младински активности

Потпишан Меморандум за разбирање со организацијата Демокраси лаб

18.07.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и претседателот на невладината организација Демокраси лаб, Сефер Селими, потпишаа Меморандум за соработка со цел отворање на Центар за младински активности во Гостивар.

Проектот ќе биде имплементиран од страна на Демокраси лаб а ќе се финансира од Општина Гостивар и Американската амбасада во Скопје.

Центарот има за цел продлабочување на соработката и довербата помеѓу различните заедници што живеат во Гостивар, отстранување на предрасудите и да промовирање на мултиетничноста.

По потпишувањето на Меморандумот, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари рече дека оваа благородна иницијатива заслужува да биде поддржана.

“Првично, овој Центар ќе биде кофинансиран од страна на Демокраси лаб и Општина Гостивар, а после неколку години ќе продолжи да се финансира само од Општина Гостивар”, истакна Таравари.

Сефер Селими – извршен директор на Демокраси лаб објасни дека во рамките на Центарот ќе бидат иницирани програми, обуки и разни курсеви за создавање на нова генерација активни граѓани кои ќе можат да ги препознаваат своите права и одговорности како граѓани.

Седиштето на Центарот за младински активности ќе биде на улицата која води кон гостиварската општа болница.

Информативна служба