Во гостиварско Трново се асфалтира локалниот пат кој води до селското училиште

24.08.2018

Заврши изградбата на локалниот пат во с. Трново кој што води до училиштето. Патот е со должина од околу 800 метри, а асфалтираниот коловоз е со просечна ширина од околу 4 метри.

Изградбата на овој пат се прави во рамките на проект финансиран преку грант од ИПА компонента на Европската Унија, кој што вклучува изградба на уште еден пат во селото Падалиште, со вкупна вредност од 7,314,814.80 денари, односно во противредност 118.940 евра,

“Изградбата на овие патишта им за цел во овој дел од гостиварските планински села да се создаде поволна бизнис клима за развој на агрикултурата, земјоделието, шумарство и квалитетот на снабдување со вода, како и развој на туризмот и руралното угостителство”, вели Бесим Догани – раководител на ЛЕР Канцеларијата при Општина Гостивар.

Вреди да се истакне дека деновие Општина Гостивар влегла во фаза на инвестициски бум, бидејќи паралелно се реализираат повеќе капитални проекти, а при крај се и процедурите за реализација и на некои други проекти од областа на инфраструктурата.

Служба за информирање