Посебна грижа за децата, отворена уште една игротека во Гостивар

12.08.2018

Посебната грижа за децата е едно од главните определби на Општина Гостивар под раководство на градоначалникот Арбен Таравари. За да гостиварските деца бидат посреќни и поздрави, годинава беа отворени или рехабилитирани повеќе детски игротеки. Поточно, на четири локации се отворија нови игротеки, а на две постојни игротеки дотраените реквизити беа се заменија со нови.

Деновиве заврши поставувањето на нови реквизити во дворот на градинка “Пролет” во рамките на ЈУДГ “Детска радост” – Гостивар, сошто се заокружи планот за 2018 година, за што Општина Гостивар од својот буџет издвои 2,3 милиони денари.

Информативна служба