Хортикултурно уредување на дворовите на гостиварските училишта и градинки

19.10.2018

Сите училишта и градинки во општина Гостивар, благодарение на широката акција на ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило” ќе добијат хортикултурно уредени дворови.

Првично акцијата се спроведе во дворовите на основните училишта во село Вруток и Равен, а ќе продолжи и во сите други градски и селски училишта и градинки.

“Вршиме нивелизација на земјата, садејќи трева и украсни садници отпорни на климатските услови во секој период од годината. Ова е минимумот од тоа што мораме да го направиме за возрасните групи кои се иднината на нашето општество. Акцијата се спроведува во овој период, бидејќи есента е најпогодното годишно време за садење”, објаснува директорот на ЈП ” Јавни паркиралишта и зеленило “, Музафер Зулбеари.

Вреди да се напомене дека во тек е и хортикултурното уредување на големиот градски парк, односно се работи на заокружување на негова целосна рехабилитација со садење на над 170 садници со што ќе се оплемени изгледот на тој простор и ќе му се врати улогата “бели дробови” на градот, како најпосакувано место на граѓаните за релаксација.

Служба за информирање