Започна асфалтирањето на главната улица во гостиварско Ново Маало

05.11.2018

На улица “18 Нентори”, делот од булеварот Браќа Ѓиноски до трафо-станицата во Нова Маало, започна денес асфалтирањето. Делот кој се асфалтира има должина од 480 метри со просечна ширина од 6,5 метри.

“Претходно, во поголемиот дел поради несоодветната дебелина на постојниот асфалт, истито се ископа, а во помал дел асфалтот само се изгреба. Се изврши нивелизација на сливниците за атмосферска каналзиација и на шахтите за фекална канализација, беа заменети оштетените рабници на тротоарите како и други дополнителни работи. Денес започнавме со асфалтирањето и се надеваме дека во рок од два-три дена работите да бидат завршени”, нагласува Бесим Догани од ЛЕР канцеларијата на општина Гостивар.

Овој дел од улица 18-ти Ноември е доста фркфентиран од возила и пешаци, бидејќи станува збор за густо населена населба каде што се наоѓа Џамијата, а покрај неа се наоѓа и Центарот за култура и ООУ “Исмаил Ќемали”.

По асфалтирањето на улицата, ќе следи поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација и наскоро ќе се инсталира соодветно јавно осветлување.

Служба за информирање