Започна активности за уредување на дворовите во некои училишта

,

07.05.2019

Денoвиве, Општина Гостивар во соработка со Јавното претпријатие “Јавни паркиралипта и зеленило” ги уреди дворовите на некои основни и средни училишта во градот и во селото Дебреше.

Со активноста беа опфатени ООУ “Исмаил Ќемали”, ООУ “Единство”, ООУ “Фаик Коница” – с. Дебреше, Средно еконосмко и Средното техничко училиште.

Со вакви активности ќе се продолжи и во другите општински училишта и детските градинки во Гостивар.

Центар за информирање