Активиран Кризниот штаб на општина Гостивар за превенција на короновирусот

16.03.2020

Кризниот штаб на општина Гостивар, на денешната средба констатира дека иако ситуацијата е сериозна, нема воопшто простор за паника.

  1. „Нема регистрирани случаи на заразени со коронавирус во полошките општини – Гостивар, Врапчиште и Боговиње. Заедничка порака беше дека сите треба да помогнеме во новонастанатата ситуација, со седење дома со членовите на нашето семејство и да имаме што помалку контакт со луѓето. Трите општини ги преземаат сите неопходни мерки и активности во согласност со препораките на Владата, како што се дезинфекција на локалните институции и друго“, изјави градоначалникот на Гостивар на заедничката прес конференција со градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани и градоначалникот на Боговиње Албон Џемаили .

Таравари исто така информираше дека се формирани мобилни тимови во сите три општини, и истите ќе им помогнат на изнемоштените лица на разни начини.

Заедничка порака на градоначалниците на трите општини беше: Јавното здравство е заедничка одговорност на сите нас!

Служба за информирање