ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани граѓани,

Поради влошената состојба со Ковид-19, општинската администрација на Гостивар ќе се заложи непречено да ги обезбеди сите услуги за граѓаните, но со максимално избегнување на физички контакт.

Поради тоа, се додека не се нормализира состојбата, се молат граѓаните да не се обратат физички во просториите на општината без некоја неопходна потреба, а сите потребни информации ќе можат да ги добијат на телефон.

Со повикување на тел. бр.
042/ 214 – 600
ќе можете директно да контактирате со одгворните на сите сектори и служби во Општина Гостивар.

Апелираме до сите граѓани, генерално да ги почитуваат препораките и протоколите за заштита од Ковид-19 и, заштитувајќи се себе си и нивните најблиски, да придонесат за јавното здравје.

Со почит,

Арбен Таравари
Градоначалник на Гостивар