Владата на СДСМ-ДУИ дискриминациите кон Гостивар, сака да ги прикрие со измами

Владата на СДСМ-ДУИ, својата дискриминација сака да ја прикрие со измама. Финансиските средства наменети за Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, ги пишува како да ги прима градоначалникот Арбен Таравари.

Сакаме да разјасниме за јавноста дека не сме против овие финансиски средства, но централната власт свесно знаејќи дека локалната власт нема надлежност над здравствените институции, се обидува да глуми дека е добра, за наводно еднаков третман на сите општини.

Реално, парите наменети за реновирање на гостиварската болница, се од средствата добиени од ТАВ предвидени за карго аеродромот во Штип во вредност од 35 милиони евра. Владата ги пренамени овие пари за 99 проекти во 75 градови. А, она што се издвојува е дека во сите општини има инфраструктурни проекти (канализација, патишта или училишта), САМО во Гостивар парите се предвидени за реновирање на БОЛНИЦАТА! Ова уште еднаш потврдува дека СДСМ-ДУИ намерно го дискриминираат Гостивар, кој е предводен од кадар на АА, политички субјект на албанската опозиција, кој во трите години од неговиот мандат, постојано е избран за најуспешен градоначалник меѓу 80 општини во земјава.

Ги уверуваме граѓаните на Гостивар дека и покрај неправдите од централната власт, ќе продолжиме со наши сили да го исполниме секое ваше барање со цел подобрување на животниот стандард

За ова имаме докази дека три години без никаква помош, па дури и со пречки, успеавме да изградиме над 60 километри нова канализациона мрежа, над 35 километри водоводна мрежа и околу 30 километри асфалтирани патишта. Овие сопствени инвестиции, градоначалниците  од редовите на СДСМ-ДУИ не можат ни на сон да ги видат а камо да станат реалност, иако зад нив секогаш стои владата,

Во продолжение ви доставуваме владини документи како доказ:

Служба за информирање