Со задоволство го пречекав градоначалникот на Клина (Република Косово), г. Зенун Елезај

Со задоволство го пречекав градоначалникот на Клина (Република Косово), г. Зенун Елезај.
На нашата братска средба ја истакнавме блиската соработка почнувајќи од културната бидејќи припаѓаме на иста култура, размена на идеи и човечки капитал и заедничко аплицирање во меѓународни фондови за развој на нашите два града.

Заедно со г. Елезај ги посетивме и Центарот за младински ресурси „iCan“ и Центарот за аутизам во изградба „Blue Puzzle“.

Посакувам оваа средба да послужи за зближување и меѓусебни посети на граѓаните на Клина и Гостиваp.