Интерес за помaгање на децата со посебни потреби

16.11.2017

Општина Гостивар за овој четиригодишен мандат ќе направи максимални напори за да им помогне на лицата со посебни потреби, со посебен акцент децата. Во оваа насока, градоначалникот на Гостивар, оствари средба со координаторот на Центарот за ресурси поддржан од УНИЦЕФ, Маргарита Милошеска.

Г-ѓа Милошеска го запозна градоначалникот Таравари за потребата од имплементација на проект за асистенција за училиштата и домашна асистенција за лицата и деца со посебни потреби, како и дека во моментов работи на проектот поддржан од УНИЦЕФ “Филмски караван за детство без пречки”

Градоначалникот на Гостивар ја увери г-ѓа. Милошеска дека Општина Гостивар ќе поддржи секаква иницијатива за подобрување на квалитетот на живеење на лицата со посебни потреби, како и дека статусот на овие лица, зазема значајно место во програмата на Општина Гостивар за мандатот 2017-2021.

Служба за информирање