Децата од ЈУДГ “Детска градинка“ на посета во Општина Гостивар

,

29.12.2017

Децата од Јавната установа детска градинка “Детска радост”, во придружба на нивните воспитувачки, денеска ја посетија општина Гостивар, а беа пречекани од страна на заменик-градоначалникот Бесим Мемеди и раководителката на Секторот за јавни дејности, г-ѓа Аслијан Снопче.

При посетата по повод одбележувањето на новогодишните празници а која е дел од едукативната програма на градинката, г. Мемеди и г-ѓа Снупче ги информираа децата за улогата на Општината и дека она што најмногу го посакува Општуната, е децата да бидат што посреќни и поуспешни.

На децата, новогодишни пакети на децата им подари г-ѓа. Аслиајн Снупче, која што им ја честита Новата Година и им посака здравје и многу љубов во 2018 година.

Служба за информирање