“Стоп за говорот на омраза” – наградени најдобрите дела

,

Во средното техничко училиште во Гостивар денес беше отворена изложбата на слики од средношколци, на тема „ Живеј во хармонија со другите“.

Активноста е дел од превентивно-едукативниот проект „Кажи НЕ на говорот на омраза“, чии носители се Отсекот за превенција на СВР Тетово и ОБСЕ, во соработка со гостиварската локална самоуправа.

На изложбатa се најдоа дваесетина слики од ученици од сите гостиварски јавни средни училишта.

Толеранцијата меѓу различните етнички групи е многу деликатна тема. Ние како гостиварци ја негуваме, а треба и пред младите да покажеме колку е таа важна. Токму тоа е и целта на оваа изложба“, рече Аслијан Снопче, од Секторот за образование на општина Гостивар.

На отворањето на изложбата се обрати директорот на техничкото училиште, Гајур Изаири, кој нагласи: „Некогаш и несвесно може да кажеме некоја реченица или збор со кои ќе навредиме некого. Сликите на учениците носат силна порака за тоа што е говор на омраза, а што разбирање и толеранција“.

Авторите на најуспешните дела, по избор на посебна комисија добија пригодни награди и признанија од организаторите.

Претходно, во рамките училиштата беа организирани работилници и предавања.