Демири подели подарок за првото бебе родено во Гостивар во 2018 година

05.01.2018

Шефот на протоколот на градоначалникот на Гостивар, Јаcин Демири, ги прими денес родителите на првото бебе родено во новата година во Општата болница “Ферид Мурад” во Гостивар.

Родителите на бебето го информираа Демири дека бебето е здраво и напредува во развојот.

Во името на градоначалникот Арбен Таравари, Демир им подели подарок и им додели одреден износ на финансиски средства за малечката. Тој посака 2018 година да биде година на пресврт во наталитетот, што, за жал, е во постојан пад во последниве години.

Инаку, првото бебе е женско, се роди утрото на 1 јануари во 5:50 часот, тежи 3,750 килограми и 54 сантиметри долго, и се вика Дијара.

Служба за информирање