ОУ “Перпарими” со повеќе воннаставни активности

02.02.2018

Во Основното училиште “Перпарими” Чегране, се случуваат повеќе воннаставни активности. Учениците од ова училиште неодамна учествуваа во проектот “Со читање до лидерство”, проект организиран од УСАИД, чија цел е мрежно поврзување со пријателски училишта.

“Во ова вмрежување беа презентирани работи и активности на 3 пријателски училишта и се одржаа разни работилници во форма на соработка. Вмрежувањето се реализираше во “Гоце Делчев“ од скопската општина Аеродром, а нашето училиште се презентираше со проектот “Бетмен – мој херој”, информира директорот Блерим Амети.

Исто така, во ова училиште, во вторникот се одржаа пинг-понг натпревари, на коиучествуваа 24 ученици од вишите одделенија, односно од VI до IХ одделение. Најуспешните натпреварувачи беа наградени со скромни подароци.

Од училиштетоценат дека воннаставните активности треба да бидат во функција на развој на талентите, вештините и способностите на учениците, како и во правец на јакнење на нивната самодоверба , како и позитивен имиџ за училиштето.

Служба за информирање