Се определија приоритетните области на општина Гостивар за доделување на грантови на НВОи

27.02.2018

Во рамките на активностите на проектот на УНДП – Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан, во салата на Советот на млади на општина Гостивар, се одржа јавна дебата со претставници на невладини организации, при што се определија проектните области за кои ќе се примат апликации за грант.

Во рамките на овој проект ќе се доделат грантови во вкупен износ од 100.000 евра за активности во пет приоритетни области: Образование и социјална инклузија, Животна средина, Човекови права и недискриминација, Локален економски развој и Култура, уметност, млади и спорт.

Учесниците на оваа јавна дебата, ги избраа  и 5 членови и еден заменик член на Комисијата за оценување, и тоа 2 претставници од УНДП, 2 од Општина Гостивар и 2 претставници од невладиниот сектор.

Претставниците на УНДП и Канцеларијата за локален економски развој и имплементација на проекти при Општина Гостивар, најавија дека во продолжение ќе се организираат инфо-сесии во кои сите заинтересирани организации ќе бидат одблизу информирани за формата на апликациите, како и ќе им се понуди асистенција за изготвување на квалитетни проекти.

Нсе охрабруваат НВОите кои не  учествуваа на оваа дебата, да стапат во контакт со ЛЕР канцеларијата во Општина Гостивар и да се вклучат во конкурсот за грантови.

Служба за информирање