OУ “Единство” – Гостивар, два гранта од УСАИД и донација од Швајцарија

,

28.02.2018

Во Основното училиште “Единство” со два добиени грантови од УСАИД, како и со швајцарска донација, со поддршка и на Општина Гостивар, во тек се бројни активности за подобрување на условите за работа и подигнување на квалитетот на образовниот процес.

Добиените грантови од УСАИД ќе се искористат за кабинетот за ликовно образование и за реализација на часовите по предметот граѓанска култура.

Швајцарската донација е наменета главно за кабинетот по биологија и се состои од микроскоп и четири печатачи, како и од елки за декорација на ходниците и другите училишни простории.

Вреди да се напомене, исто така, дека покрај веќе лиценцираните наставнички, обука во Нансен Дијалог Центар следат уште две други наставнички, а училиштето аплицирало за спроведување на Нансен моделот и се очекува во блиска иднина да започне реализацијата на истиот.

Инаку, во ОУ “Единство” наставата ја следат 1.300 ученици, на три наставни јазици: албански, македонски и турски.

Служба за информирање