Се одржа традиционалниот Марш “Рамен Камен 2018” – поддржан и од Општина Гостивар

14.05.2018

Планинарското друштво “Шари” од Гостивар, вчера го организираше традиционалниот марш “Рамен Камен 2018“ на кој учествуваа членови на неколку планински планинарски друштва од цела Македонија и од соседните земји.

Маршот финансиски го поддржа Општина Гостивар, а со неговото присуство го почести и градоначалникот Арбен Таравари. Претседателот на друштвото “Шари” – Ќерим Абази, на градоначалникот Арбен Таравари му додели Благодарница за дадениот придонес.

Планинарите се искачија на врвовите Црн Камен – 1903 метри надморска височина и Рамен Камен – 1886 метри надморска височина, во патека долга 25 километри и со 1333 метри височинска разлика, поминувајќи низ неверојатни природни убавини и импресивни пејзажи и панорами.

Служба за информирање