Во Светскиот ден на детето, се одбележа 50-годишнината од основањето на Детската градина во Гостивар

01.06.2018

Во преполнета сала со деца и родители во Центарот за култура во Гостивар, со богата програма, беше одбележан 1 јуни – Светски ден на детето.

На овој настан присуствуваа градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и членови на неговиот кабинет, како и претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјална заштита – Гостивар.

“Децата се оние кои ни ги држат срцата, оние кои секојдневно ни пружаат радост што никој друг не може да ни ја даде. За жал, во последно време се соочуваме со иселување на младите луѓе, па затоа мораме да се залагаме да создадеме подобри услови за живеење во земјава и младите да почнат да гледаат перспектива во својата татковина. Посакувам што поскоро да ги видиме нашите градинки преполни со деца и Господ да ги држи што посреќни“, рече меѓу другото градоначалникот Арбен Таравари.

На присутните им се обрати и директорката на Детската градинка “Детска сала”, Наташа Саздоска, која исто така пренесе порака со честитки до сите деца во светот.

За јубилејниот фестивал, децата од предучилишната група под раководство на нивните воспитувачки, имаа подготвено богата забавна програма на три јазици: албански, македонски и турски.

Служба за информирање